Доктор Игор Мерџаноски, директор на Клиниката за трауматологија во рамки на ТОАРИЛУЦ оствари работна средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет на Скопје „Мобилност Скопје”.
На средбата беше истакната отвореноста за соработка,како и размена на искуства и предлози за унапредување на здравствената заштита за пациентите.
Д-р Мерџаноски ја истакна иницијативата кон која се стремат хирурзите од оваа Клиника, а тоа е во склоп на Центарот за спинална хирургија на ‘рбетен столб каде се лекуваат пациетите со болестите на ‘рбетниот столб и повредите да се прошири со оддел за пост оперативна нега .
Со ова значително ќе се унапреди третманот кај овие пациенти, а ваква специјализирана установа за постоперативно згрижување на пациенти, физикална терапија и психолошка поддршка нема во нитуедна соседна земја.