Во Тексас уапсен водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа

Водачот на мексиканскиот наркокартел Синалоа, Исмаел Ел Мајо Замбада е уапсен во американската сојузна држава Тексас, соопштија американските федерални власти.

Замбада (76) го основал картелот заедно со Хоакин Ел Чапо Гузман, кој моментално е во затвор во САД.

Синот на Хоакин Ел Чапо Гузман, Хоакин, беше уапсен заедно со Замбада во Ел ПасоВо февруари Замбада беше обвинет во Бруклин за илегална трговија со фентанил, а двајцата се обвинети за насочување на криминалните операции на картелот во САД, вклучително и производство и трговија со фентанил.

Замбада е уапсен по повеќегодишното бегство, а за информации за него беше понудена награда од пет милиони долари од Стејт департментот, додека наградата на ДЕА беше 15 милиони долари.

форо: ЕПА