Познатиот пејач Роби Вилијамс стана татко по втор пат. Неговата сопруга Ајда Филд роди момче, а пејачот за раѓањето на синот се пофали и во едно од видеата што ги снимаше за време на породувањето.
Инаку, пејачот целото породување го сподели со своите обожаватели на социјалните мрежи.
-Никогаш не сум бил повеќе вљубен и горд на мојата сопруга. Таа беше апсолутно неверојатна, вели тој во видеото во кое тој и неговата сопруга им се заблагодаруваат на сите што биле со нив во овој важен момент од нивните животи.