Вечерва околу 19,20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18:40 часот неговата мајка С.Н. во Полициската станица Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презедоа сите неопходни мерки и активности и детето е пронајдено во добра здравствена состојба. Детето ќе биде предадено на родителот.