Сончево и многу тoпло

И во неделата во Македонија ќе преовладува претежно сончево и многу топло време, со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде висока 9.

Утринската температура се вижи од 10 до 21, а дневната ќе биде во интервалот меѓу 30 и 39 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се искачи до 38 степени.