Кошаркарите на САД ја оправдаа улогата на прв фаворит на турнирот и во првото коло од групата Ц и ја совладаа репрезентацијата на Србија со резултат 110:84.
Србија неверојатно го започна натпреварот. Водството беше 10:2, што беше доволно Стив Кер да побара минута одмор. Тоа очигледно им беше потребно на Американците, кои го зголемија гасот и со серија тројки поведоа.
Кевин Дурент беше незапирлив во третата четвртина. Погоди се, тројки, удари од далечина и под обрачот. Дурент во првото полувреме постигна 21 поен без ниту едно промашување. Погоди 8/8 вклучувајќи 5/5 за тројки.
Во третата четвртина Србија имаше неколку можности да се доближи, но Аврамовиќ и Богдановиќ промашија отворени тројки. Во тој период од играта Американците одржуваа десет поени предност, а потоа се разбуди Леброн Џејмс и со неколку чудесни потези покажа зошто многумина го сметаат за еден од најголемите досега.
Американците влегоа во последните десет минути со огромни 84:65. Во средината на последната четвртина Србите дојдоа до прифатливи -13 (73:86), но Американците веднаш тргнаа во голема брзина и отидоа на 91:73.
Кај САД најдобар стрелец беше Кевин Дурент со 23 поени, а Србија ја предводеше Никола Јокиќ со 20 поени.