Малолетно момче е нападнато вчера во автобус со број 22 на Партизанска. Од момчето биле одземени еден мобилен телефон марка „алкател“, еден рачен часовник марка ,,сеико“, 25 денари и една машка јакна.
Сторителот разбојништвото го извршил на тој начин што му пришол на детето додека се возело со автобус, без повод и причина му го земал телефонот од рака, му рекол да слезе од автобусот ако сака да му го врати истиот. Кога се симнале од автобусот,сторителот му ги зел часовникот, парите и ташната, по што се упатил во непознат правец, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 50.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.