Затвореник од Кочани вчера го скршил стаклото на прозорецот на канцеларијата на директорот на штипскиот затвор.
-На 30.07.2024 во 14.18 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 14.00 часот осуденикот С.М.(33) од Кочани со тврд предмет го скршил стаклото од прозорецот на канцеларија на директорот на затворот, велат од МВР.
Увид извршила екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.