Голем пожар денеска избувна во населбата Монте Марио на истоименото брдо во северозападниот дел на Рим, а зградата на јавната служба RAI, астрономската опсерваторија и уште четири куќи беа евакуирани.
Улиците во областа се затворени, а голема црна колона чад е видлива над градот, пренесува ANSA.
Од зградата на астрономската опсерваторија се евакуирани 40 лица, а пожарот се закани и на неколку згради, вклучително и касарна на карабиниери.