
Фудбалската репрезентација на Мароко со триумф над САД од 4-0 се пласира во полуфиналето на турнирот од ЛОИ.
Првиот погодок на мечот за Мароко го постигна најдобриот стрелец Рахими кој во 29. минута реализира од пенал и така дојде до бројката од пет гола на ЛОИ.
Тоа беше резултатот на паузата (1-0), а во вториот дел во листата на стрелците се запишаа Акомач кој во 63. минута погоди по атрактивна акција, како и Хакими во 70. минута. Пред крајот Мароко доби втор пенал кој во гол го претвори Махуб.
Мароко го чека ривалот во полуфиналето на олимпискиот фудбалски турнир, а тоа ќе биде Јапонија или Шпанија.