Попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска во државата претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9

Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во деновите од викендот, како што информираат од УХМР, особено утре во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Во недела нестабилно ќе биде повеќе во западните делови од земјата, а потоа следува период на претежно стабилно и топло време со слаб до умерен северен ветер.