Турска компанија за производство и преработка на лешник е заинтересирана за инвестиција во Македонија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со претставници на компанија која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи.

Станува збор за компанија која што има годишен обрт од над 40 милиони долари и извезува свои производи во 30 земји во светот и има голем интерес за инвестиција во нашата земја.

Турските бизнисмени ја претставија својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат фабрика за кондиторски производи.

„Се разговараше за бенефициите, потенцијалот, но и за фактичката состојба за производство и продажба на лешник, откупна цена и соработка со македонските производители на лешник.

Отвораме нови пазари за македонските земјоделци, заедно до стабилно и зголемено производство“, посочува Трипуновски.