СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта? Дали СДС и ДУИ заедно го спремаат планот за дестабилизација на државата од есен? Филипче потрча со статус на Фејсбук да си ја тргне мувата од копата, но џабе, и малите деца знаат дека СДС е помалиот брат на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите криминали кои ги правеше ДУИ нема да беа возможни без СДС. СДС да кажат што планираат со ДУИ и дали целта е да се заштитат од одговорност за сторените криминали и ограбената држава? И СДС и ДУИ треба да знаат дека насилство и безредие нема да им помогне, напротив и за тоа ќе треба да одговараат и да се соочат со последиците на сопствените дејствија“, тврдат од партијата.