В
Кузеска и СДС да внимаваат што зборуваат на прес конференции, да не треба после пак да се извинуваат, кој ќе им го гледа срамот, порачуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Дали некој во СДС проверува што ќе каже Кузеска или чита што и дојде под рака? За разлика од времето на СДС кога немаше одговорност, сега во време на ВМРО-ДПМНЕ има експресна акција од институциите и никој не е поштеден. Одговорност има за секој кој се огрешил пред законот. Ја разбираме нервозата во СДС затоа што слични инциденти имало и во минатото кога тие биле власт, но тогаш се заташкувале и се молчело, за разлика од сега, кога им акција и одговорност за секого. Има разлика, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Државата е управувана од луѓе кои работат за подобра иднина на народот, за разлика од СДС и ДУИ кои работеа за себе, додаваат од владејачката партија.
.