Австриската полиција уапси 19-годишен маж во Виена за наводно планирање терористички напад за време на концертот на Тејлор Свифт, поради што сите тројца се откажани!
Уапсено е уште едно лице за кое се претпоставува дека било во контакт со првоосомничениот, а по уште тројца се трага.
Шефот на австриската управа за јавна безбедност Франц Руф изјави дека властите биле запознаени со подготовките за таков напад, а фокусот на осомничениот бил на еден од трите концерти што американскиот музичар требало да ги одржи во Виена, пренесува АП.
Имено, 19-годишникот наводно се заколнал на верност на Исламската држава и почнал да искажува радикални ставови и однесување. Во која му помогнал претходно познат осомничен за тероризам, кој бил уапсен по голема полициска акција во која биле евакуирани повеќе од сто лица.
Исто така, Руф потврди дека странските безбедносни служби помогнале во разоткривањето на заканата.
За многу фанови на Тејлор Свифт е крајно лоша вест што безбедносните власти одлучија да ги откажат сите три концерти, планирани за четврток, петок и сабота на стадионот Ернст Хапел. Најпрвин рекоа дека ќе бидат задржани со засилени безбедносни мерки, но потоа ги откажаа сите три. Сите 65.000 билети се распродадени за секој од деновите кога американскиот музичар требаше да настапи.