Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд кој особено ќе биде изразен во југоисточниот дел на земјава.
Во утринските часови по одделни котлини и речните долови ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 11 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.