На 08.08.2024 во 19.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„Шаин Маале“ во Радовиш, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од Радовиш, удрило во пешакот М.А.( 77) од Радовиш, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М.А., констатирани во Клинички центар Штип.
Увид на лице место извршила екипа на ОВР Радовиш.