ВИДЕО| Борел „згрозен“ од сликите по израелскиот напад врз училиштето во Газа

Шефот за европска надворешна политика Жозеп Борел изјави дека е „згрозен“ по израелскиот воздушен напад во кој е погоено училиште во кое биле сместени бегалци чии домови се разуранти во војната во Појасот Газа, при што палестинските власти тврдат дека биле убиени до 100 луѓе.

„Најмалку 10 училишта беа цел на минатата седмица. Нема оправдување за овие масакри“, напиша Борел на платформата X.

Според Обединетите нации, 477 од 564 училишни згради во Газа биле директно погодени или оштетени до 6-ти јули, а оттогаш биле цел на израелските напади уште повеќе од десетина.

Во училиштето „Ал-Табаин“ биле сместени повеќе 1.000 луѓе, – неодамна прими десетици раселени луѓе од градот Беит Ханун, откако израелската армија им налоќи да ги напуштат своите домови.

„Згрозени сме од ужасниот вкупен број на жртви“, додава шефот на допломатијата на ЕУ велејќи дека повеќе од 40.000 Палестинци биле убиени од почетокот на војната во октомври.

Израел постојано изјави дека ги напаѓа таквите објекти бидејќи неговите разузнавачки служби наводно откриле дека таму се кријат оперативци на Хамас и користат цивили како штит.

Борел изјави дека „прекинот на огнот е единствениот начин да се запре убивањето на цивилите и да се обезбеди ослободување на заложниците“.

Тој, исто така, ја искористи оваа објава за да го осуди израелскиот екстремно десничарски министер за финансии Безалел Смотрич, кој лобираше против прекинот на огнот во четвртокот и му рече на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не падне во „опасна замка“ со договорот за прекин на огнот.

Борел ги осуди коментарите на Смотрич, велејќи дека тие се „против интересите на израелскиот народ“.