Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Според неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 5 август до 9 август годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
За анализа биле земени 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 54 мерни места во Град Скопје.