Пет лица кои гаснеле пожар во пехчевско побарале итна помош, изгоре возилото кое го користеле

На 11.08.2024 во 16:00 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Еленско блато“ во с.Буковиќ, пехчевско, каде што било интервенирано за гаснење на шумскиот пожар, целосно изгорело возило комбе со пехчевски регистарски ознаки, сопственост на Општина Пехчево, а кое било дадено на користење на доброволци цивилни лица кои учествуваат во гаснењето.

Исто така, во 18:20 часот било пријавено дека за време на гаснење на пожарот пет лица доброволци: И.С.(42), Т.Ц.(48), Д.В.(41), М.Н.(64) и Т.А.(57) вдишиле чад и се здобиле со повреди, по што им била укажана помош од Итна медицинска помош Пехчево.