Здравствената агенција на Африканската унија прогласи вонредна состојба на целиот африкански континент поради ширењето на вирусот „мпокс“, порано познат како мајмунски сипаници, изјави денеска генералниот директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, Жан Касеја.
Касеја на прес-конференцијата рече дека сипаниците погодиле илјадници луѓе ширум африканскиот континент, поради што се разделени цели семејства, пренесе ТАСС.
Здравствените експерти велат дека новиот бран на сипаници во Африка е предизвикан од брзото ширење на мутираната верзија на вирусот што се шири побрзо и полесно преку близок човечки контакт.