Де Лихт и Мазрауи официјално нови играчи на Јунајтед

Холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт и неговиот марокански колега Нусаир Мазрауи се новиите играчи на Манчестер Јунајтед, објави англискиот фудбалски гигант.

Поранешните дефанзивци на германски Баерн во понеделникот пристигнаа на финални преговори во Манчестер, а ден подоцна излезе „бел чад“ од „Олд Трафорд“.

Иако клубовите не соопштуваат финансиски детали, германските и англиските медиуми пренесуваат дека Јунјатед на Баварците ќе им плати околу 50 милиони евра.

Холандскиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг, кој ги водеше двајцата во Ајакс, инсистираше на нивното доаѓање. Две години го тренираше сонародникот, а четири години Мароканецот.

„Ерик тен Хег ги обликуваше раните фази од мојата кариера, па знае како да го извлече најдоброто од мене и едвај чекам повторно да работам со него“, изјави Де Лихт за клупската веб-страница на „Црвените ѓаволи“.

„Знам што е потребно за успех на највисоко ниво и решен сум да го покажам тоа во овој посебен клуб“, додаде Де Лихт, кој од Ајакс се пресели во Јувентус во 2019 година, а три години подоцна замина во Баерн, додека Мазрауи од Ајакс директно се пресели во Минхен во 2022 година.

„Тен Хаг одигра важна улога во мојот развој како играч, па возбудливо е повторното обединување со него додека влегувам во најдобрите години од мојата кариера“, рече Мазрауи.