Доларот остро падна, цената на нафтата порасна

На девизните пазари во средата во претпалдневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути драстично падна, по извештајот за цените на производителите.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 102,60 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 103,08 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 147,15 на 146,50 јени.

Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0990 долари, додека вчера во истиот период беше 1,0930 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево поскапе за 0,48 отсто, на 81,10 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,55 отсто, на 78,80 долари.