Реал Мадрид нов рекордер во Суперкупот на УЕФА

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид стана нов рекордер со шест титули во Суперкупот на Европа. Суперкупот на Европа се игра од 1973 година, а прв победник беше Ајакс кој во два натпревара го победи Милан. До 1999 година тоа беше соочување меѓу победниците на Купот на шампионите и на Купот на победниците на куповите, а од 2010 година за трофејот се борат победникот на Купот/Лигата на шампионите и победникот на Купот на УЕФА/Лига Европа.

Реал досега го делеше врвот на табелата со Барселона и Милан со по пет титули. Сепак, по триумфот против Аталанта во средата вечерта на „Националниот стадион“ во Варшава, „Кралскиот клуб“ се одлепи на врвот на табелата.

Реал првпат го освои Суперкупот во 2002 година со победата против Феенорд (3:1), потоа славеше во 2014 година против Севиља (2:0), по што следуваа две последователни славења во 2016 година против Севиља (3:2), а една година подоцна против Манчестер Јунајтед (2:1).

Реал пред шестиот триумф во Варшава го освои и Суперкупот во 2022 година против Ајнтрахт (2:0).

КЛУБОВИ

6 – Реал Мадрид
5 – Барселона, Милан
4 – Ливерпул
3 – Атлетико Мадрид
2 – Челзи, Баерн Минхен, Ајакс, Андерлехт, Валенсија, Јувентус
1 – Севиља, Порто, Манчестер Јунајтед, Динамо Киев, Нотингем Форест, Астон Вила, Абердин, Стеауа, Мехелен, Парма, Лацио, Галатасарај, Зенит, Манчестер Сити

ПО ЗЕМЈИ

17 – Шпанија
10 – Англија
9 – Италија
3 – Белгија…

Сите победници на Суперкупот на Европа:

2024: Реал Мадрид
2023: Манчестер Сити
2022: Реал Мадрид
2021: Челзи
2020: Баерн
2019: Ливерпул
2018: Атлетико Мадрид
2017: Реал Мадрид
2016: Реал Мадрид
2015: Барселона
2014: Реал Мадрид
2013: Баерн
2012: Атлетико Мадрид
2011: Барселона
2010: Атлетико Мадрид
2009: Барселона
2008: Зенит Ст. Петербург
2007: Милан
2006: Севиља
2005: Ливерпул
2004: Валенсија
2003: Милан
2002: Реал Мадрид
2001: Ливерпул
2000: Галатасарај
1999: Лацио
1998: Челзи
1997: Барселона
1996: Јувентус
1995: Ајакс
1994: Милан
1993: Парма
1992: Барселона
1991: Манчестер Јунајтед
1990: Милан
1989: Милан
1988: Мехелен
1987: Порто
1986: Стеауа
1984: Јувентус
1983: Абердин
1982: Астон Вила
1980: Валенсија
1979: Нотингем Форест
1978: Андерлехт
1977: Ливерпул
1976: Андерлехт
1975: Динамо Киев
1973: Ајакс