Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во Општина Свети Николе, ќе додели договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Како што соопштија од МЗШВ, по доделувањето на договорите за закуп на земјоделското земјиште, министерот Трипуновски ќе даде изјава за медиуми.