Врховниот лидер на талибаните истакна дека движењето го трансформирало Авганистан во земја во која владее шеријатското право, по повод три години од нивното владеење, што беше одбележано со голема воена парада во поранешната голема американска воздухопловна база Баграм во близина на Кабул.
„Системот е исламски и заснован на шеријат, шеријатот се спроведува“, рече врховниот водач Хаибатула Ахунџада, во говорот објавен доцна во средата од портпаролот на талибанската администрација. „Додека живееме, ќе ја чуваме и применуваме Алаховата религија и шеријат за себе и за другите“, рече тој.
По молскавична офанзива додека странските сили предводени од САД хаотично се повлекуваа по 20-те години инвазија во Авганистан со која беше соборен нивниот режим кој има беше сојузник во борбата против инвазијата на СССР во 1980-те, талибаните непречено без каков и да е отпор влегоа во Кабул на 15 август 2021 година. Авганистанските безбедносни сили, формирани со долгогодишна поддршка од Западот, се распаднаа и претседателот Ашраф Гани побегна од земјата.
Талибаните одржаа воена парада еден ден пред да ја одбележат годишнината во среда. Талибанските безбедносни сили покажаа тенкови и оружје во воздухопловната база Баграм, некогаш најголемата воена база на американската коалиција. Голем дел од опремата претходно беше во сопственост на авганистанската влада, која ја доби од странските сили и беше конфискувана од талибаните откако ја презедоа.
Три години откако ја презедоа власта, талибаните подобрија некои економски показатели, како што е извозот и борбите престанаа, но нападите во урбаните области продолжуваат, од кои одговорност за некои презедоа радикалите на Исламската држава.
Но, големите намалувања на помошта за развој и блокарањата на банкарскиот сектор како и запленувањео на средствата на странски сметки иницирани од Вашингтон придонесоа за голема хуманитарна криза, а повеќе од половина од населението има потреба од помош за да преживее.
Западните влади рекоа дека патот до признавање и укинување на санкциите е блокиран додека талибаните не ја сменат својата политика за правата на жените. Девојчињата постари од 12 години не смеат да добијат формално образование, жените не смеат да патуваат далеку без машка придружба и не смеат да одат во спортски сали и паркови. Талибаните нагласуваат дека ги почитуваат правата на жените во согласност со нивното толкување на авганистанската култура и исламското право.