Во пресрет на 18-ти Август, денеска заедно со вработените во Министерството и Генералштабот го одбележуваме Денот на Армијата, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-Честитки до сите припадници на Армијата и вработените во Министерството за одбрана за достигнувањата, професионалноста и посветеноста во службата. Да работиме посветено и да постигнеме уште поголеми резултати. На овој ден оддаваме почит и на бранителите кои ги положија своите животи за Македонија. Нивната храброст не инспирира затоа што тие ни го покажаа вистинското значење на службата. Да продолжиме да го почитуваме нивниот спомен, истакна Мисајловски.