Пет лица, вклучително и двајца лекари, се обвинети за снабдување на ѕвездата на хит телевизиската серија „Пријатели“, Метју Пери, со кетамин, моќниот седатив што ја предизвикал неговата смрт со предозирање пред речиси една година, соопштија властите.
Меѓу обвинетите се двајца лекари, неговиот личен асистент, холивудски дилерка на дрога познат како „Кралицата на кетаминот“ и уште едно лице, кои сите биле дел од криминална мрежа која му дистрибуирала дрога на Пери и други, изјави американскиот обвинител Мартин Естрада.
„Овие обвинети ги искористија проблемите со зависноста на г-дин Пери за да се збогатат“, рече Естрада на прес-конференција.
„Секој обвинет имал улога во лажното препишување, продажба или инјектирање на кетамин што доведе до смрт на актерот во октомври 2023 година“, додаде шефицата на американската Администрација за сузбивање на дрогите, Ен Милграм.
Според обвинението, Џејсвин Санга, која е позната како „Кралицата на кетаминот“, ги продавала дозите што го убиле Пери од нејзиниот „магацин“ во Северен Холивуд.
Кетаминот е анестетик со кратко дејство со халуциногени својства, понекогаш препишуван за лекување депресија и анксиозност, но и злоупотребуван од рекреативци.
Д-р Салвадор Пласенсија е обвинет за дистрибуција на кетамин на Пери и неговиот личен асистент, 59-годишниот Кенет Ивамаса, без легитимна медицинска цел во најмалку седум наврати.
Пласенсија го научил Ивамаса како да дава кетамин, рекоа властите, додавајќи дека лекарот исто така лично му го инјектирал лекот на Пери без соодветна безбедносна опрема, дури и еднаш во паркиран автомобил.
Ивамаса, кој живеел со Пери, признал дека повеќепати му вбризгувал кетамин на актерот, вклучително и повеќепати на денот на неговата смрт. Тој се изјаснил за виновен по една точка, додека Санга и Пласенсија се изјасниле за невини.
Адвокатот Стефан Сакс, зборувајќи пред новинарите пред судницата во Лос Анџелес, тврдеше дека Пласенсија соодветно му препиша а кетамин на актерот и дека тој правилно го надгледувал третманот.
„Со медицинската проценка на д-р Пласенсија, немаше ништо кривично“, рече Сакс, додавајќи дека лекот што го убил Пери не го набавил неговиот клиент.
Властите велат дека Пласенсија го набавил кетаминот од д-р Марк Чавез (54). Во СМС пораките до Чавез, Пласенсија разговарал за тоа колку на Пери треба да му се наплати за лекот, велејќи: „Се прашувам колку ќе плати овој морон“.
Истрагата утврдила дека обвинетите му дистрибуирале приближно 20 ампули кетамин на Пери за 55.000 долари во готовина во периодот од септември до октомври 2023 година.
Чавез признал дека му продавал кетамин на Пласенсија и се согласил да се изјасни за виновен по една точка, според судските документи.
Петтиот обвинет е Ерик Флеминг, кој признал дека набавил кетамин од Санга и ги поделил шишенцата на Ивамаса. Тој, исто така, се изјаснил за виновен по две кривични дела.
Пери почина на 54-годишна возраст од „акутни ефекти“ на кетамин и други фактори кои предизвикале а ја загуби свеста и да се удави во када за хидромасажа, според извештајот од обдукцијата во декември 2023 година.
Токсиколошките наоди открија дека во организмот на Пери имало кетамин на опасно високи нивоа кои обично се наоѓаат кај пациенти под општа анестезија, кои ги следат специјалисти за време на операцијата, се вели во извештајот.
Пери јавно ја призна децениската злоупотреба на дрога и алкохол, вклучително и за време на неговите години играјќи го Чендлер Бинг во хит телевизиската ситком од 1990-тите „Пријатели“.
Асистентот на Пери, Ивамаса, се соочува со затворска казна до 15 години, Флеминг до 25 години, додека Чавез може да биде осуден на 10 години затвор. Доколку биде прогласен за виновен по сите точки, Санга ќе се соочи со затворска казна од 10 години до доживотен затвор, додека на Пласенсија му се заканува затворска казна до 120 години.