Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 18 Август, Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за началник на Генералштабот на Армијата.

-Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции, соопшти Кабинетот на претседателката.
Свеченото примопредавање на должноста началник на Генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.