Сончево и топло, со попладневна локална нестабилност

И во саботата во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на локално невреме.

Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) 8.

Утринските температури се движат меѓу 12 и 21, додека највисоките дневни ќе бидат во интервелот од 29 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 39 степени.