Мисајловски: Остануваме посветени во надградбата и проширувањето на капацитетите на Армијата, ни претстои изработка на нова стратегија за одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше на свечената церемонија за одбележување на Денот на Армијата.

-Кога ќе го слушнеме зборот армија, првите асоцијации ни се херојство, храброст, безбедност, организираност, дисциплина, мировници или со еден збор заштитници. Во сите овие години, развој на Армијата, на жртвата на овие лица кои секогаш биле и се на заштита на браникот на своите граѓани. Им се заблагодарувам на сите наши припадници кои даваа придонес во регионалната и глобална безбедност, во заштита на Алијансата, во обезбедување стабилен Балкан, посочи Мисајловски.

Министерот нагласи дека во овие кревки времиња од особено важност е билателарната и регионалната соработка, соработката со ЕУ, но и со нашите соседи.

Ни претстои изработка на нова стратегија за одбрана, ажурирање на долгорочниот план за развој на одбранбените способности. Одбраната се потпира на овие документи кои мора да ги следат промените на полето на безбедноста и затоа потребно е нивно адаптирање, рече тој.

Потенцираше дека заложбата на оваа Влада е да има буџет за одбрана кој ќе одговори за сите побарување и кој ќе надмине 2 проценти. Остануваме посветени, вели тој, во исполнување на ветувањата, остануваме посветени во надградба и проширување на капацитетите на Армијата.

-Буџет кој ќе продолжи да расте, за инвестирање на одбрана. Да инвестираме со одбраната, наша примарна цел е одбрана и заштита и безбедност на нашите граѓани, на нашата татковина. Упатувам благодарност на сите сојузнички земји. Остануваме посветени на соработката. Потребни ни се и сериозни промени во делот на заштита на граѓаните и животната средина, пустошот од претходната власт се рефлектира со илјадници хектари изгорена земја, штета која нѐ чини многу, ја чини Македонија и македонските граѓани, додаде министерот за одбрана.

Мисајловски упати честитка до новоизбраниот началник на Генераштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчинки и се заблагодари за досегашната работа и посветеност на неговиот претходник Васко Ѓурчиновски.