Почина ѕвездата од филмот „Кум“ – Џон Апреа

Актерот Џон Апреа почина на 83-годишна возраст.

-Тој почина од природна смрт во својот дом во Лос Анџелес на 5 август, потврди неговиот менаџер Вил Левин.

Апреа, кој се здоби со популарност како младиот Салваторе Тесио во познатата серија „Кум“, почина во присуство на членовите на семејството.

Роден во Њу Џерси, Апреа се преселил во Њујорк во 1960-тите за да ги продолжи своите актерски амбиции, откако играл фудбал на училиште и поминал неколку години во Италија со своето семејство.