Атлетико Мадрид го ангажираше англискиот играч за врска 24-годишниот Конор Галагер од Челзи на петгодишен договор, објавија во средата клубовите од Ла Лига и Премиер лигата.
Галагер, кој е во Челзи од 8-годишна возраст, потпишал договор до 2029 година со Атлетико, кој за него платил 42 милиони евра, пренесуваат медиумите.
Галагер го помина првиот дел од својата сениорска кариера на позајмица, вклучително и во премиерлигашките клубови Вест Бромвич Албион и Кристал Палас, а своето деби за Челзи го немаше до 2022 година.
Минатата сезона Галагер започна 37 натпревари во Премиер лигата, пропушти само еден првенствен натпревар поради суспензија.
Галагер имаше уште една година од договорот со Челзи, а новиот менаџер Енцо Мареска неодамна откри дека му бил понуден нов договор.
Одигра 18 натпревари за англиската репрезентација од 2021 година и забележа пет настапи на Евро 2024, каде Англија стигна до финалето, во кое загуби од Шпанија со 1:2.