Вардар го победи Партизан на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид

Вардар беше подобар од Партизан откако победи со 32-25 (18-13) на вториот натпревар на интернационалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид.

Избраниците на тренерот Владо Недановски одиграа квалитетен меч од самиот дуел диктирајќи го ритамот. .

Вардар по двете воведни кола во групата има четири бода и во следното коло ќе се соочи со екипата на Целје.

Претходно денес на турнирот Олимпијакос беше подобар од Динамо Панчево со 28-27, а вечерва од 21 часот домаќинот Охрид игра со Целје.