Сончево и потопло, попладне локална нестабилност

Во Македонија во четвртокот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Индексот на ултравиолетовотозраќење (UV) ќе има вредност 7.

Утринските температури се во опсегот од 11 до 19, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат од 25 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе достигне до 34 степени