
Во Македонија во петокот ќе преовладува сончево и топло време со благ раст на температурата во однос на почетокот од седмицата, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8.
Утринските температури се движат од 12 до 21, додека највисоките во текот на дено соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 28 и 37 Целзиусови степени.
И во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и топло време, со слаб северен ветер. Температурата ќе се искачи до 36 степени.