ВИДЕО I Сериозен инцидент во Зандворт – Сарџент се заби во заштитната ограда

Третиот слободен тренинг на патеката во Зандворд донесе ериозен инцидент, Логан Сарџент се заби во заштитната огрда со голема брзина и го распарчи болидот, кој потоа и се запали.

По летната пауза, продолжуваат возбудувањата во Формула 1, викендов на програмата е ГН на Холандија.

Во пресрет на квалификациите се случи сериозен инцидент, на третиот слободен тренинг, Логан Сарџент се заби во заштитната ограда со голема брзина и го распарчи болидот, кој потоа и се запали.

Возачот на Вилијамс погреши во свиокот број 4, помина преку тревата, дождот и влажната патека дополнително придонесоа тој да загуби контрола врз болидот, па инцидентот беше неизбежен.За среќа Логан Сарџент помина без повреди.