Во Македонијa во неделата ќе преводладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 7.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 12 и 20, додека највисоките во текот на денот ќе достигнат од 28 до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје и околуната, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.