Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вчера, по повод 33-годишнината од независноста на Украина, изјави дека ЕУ ќе стои на страната на Киев додека не победи во војната со Русија.
„Драги Украинци, вашата храброст е пример за нас и не потсетувате дека слободата е нешто за што мора да се бориме. Ќе бидеме со вас додека не победите“, објави тој на мрежата Х.
Мишел додаде дека се ближи денот кога ЕУ ќе ја пречека Украина во блокот, „таму каде што и припаѓа“.
Украина вчера го славеше Денот на независноста во чест на усвојувањето на Законот за декларација за независност на Украина, политички и правен документ кој го потврди новиот статус на украинската држава.
Актот беше усвоен од Врховната Рада на Украинската ССР во 1991 година.