Марија Гроув, блогерка од Индијанаполис, невремето ја спречило да се породи со медицинска помош, па поради завеаните патишта морала сама да го изврши породувањето во својата куќа.
Иако било предвидено бебето да се роди на 21 јануари, породилните болки започнале две недели порано. Младата мајка веќе испланирала дека ќе се породи дома, со помош на бабица, но не очекувала дека и таа улога ќе и припадне на неа.
Кога ги почувствувала првите породилни болки, повикала помош, бидејќи била сама дома, но никој не можел да се пробие низ снежните насипи што направиле колапс во градот.
„Кога ми пукна водењакот ми беше јасно што следува. Го избркав стравот од мене, бидејќи сфатив дека може само да ми одмогне“, изјавила младата мајка, на која ова и е прво дете.
За среќа породувањето поминало без никакви компликации и на свет дошла Евангелина Беатрикс, долга 50 сантиметри и тешка 3,4 килограми.