Пред специјалниот суд во Хаг во понеделникот ќе продолжи судењето на поранешните водачи на некогашната Ослободителна војска на Косово (ОВК – UCK), Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими кои се обвинети за воени злосторства и злосторства прорив човечноста.
Специјалниот суд по летната пауза минатата седмица одржа три рочишта. Во меѓувреме, судот на 16-ти август им го продолжи притворот на Тачи и Вејсели со образложение дека доколку бидат пуштени на слобода, постои ризик да побегнат, да влијаат врз сведоците или да ја попречуваат работата на судот.
Специјалното обвинителство на 30-ти септември 2022 поднесе обвинение против Тачи, Вејсели, Красниќи и Селими во десет точки, во кои се товарат за воени злосторства и злосторства против човечноста извршени во нелегалните затвоти на ОВК на Косово.
Тие се обвинети дека лишувале луѓе од слобода, ги мачеле и ги убивале.