![отпад](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/otpad.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 100 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Аеродром и Центар.
Активностите се одвиваа на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди, како и булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, во реонот зад ТЦ Капитол во општината Аеродром, како и на улицата Даме Груев во строгиот центар на градот, каде што е забележано одлагање обемни количини отпад од картонска амбалажа.