Консеисао на позајмица од Порто во Јувентус

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус го донесе на позајмица од Порто 21-годишниот напаѓач Франсиско Консеисао.

Јувентус ќе плати 10 милиони евра за едногодишна позајмица, додека целосната откупна цена за играч кој има договор до летото 2029 година е 30 милиони евра.

Консеикао беше дел од португалската репрезентација на овогодинешното ЕУРО и постигна гол во победата од 2-1 против Чешка на стартот од натпреварувањето.