Кремљ во вторникот соопшти дека сериозните обвинувања на Франција против директорот на платгформата за размен а на пораки Telegram, Павел Дуров, ќе ги смета за обид за ограничување на слободата на комуникација, освен ако не бидат поткрепени со сериозни докази.
Дуров, милијардер роден во Русија, беше уапсен во Франција изминатиот викенд, како дел од истрагата за злосторства поврзани со фотографии од сексуална злоупотреба на деца, трговија со дрога и лажни трансакции на платформата, соопштија во понеделникот француските обвинители. Доколку биде прогласен за виновен, на Дуров му се заканува затвор до 20 години.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите на редовниот брифинг со акредитираните домашни и странски новинари изјави дека Русија е подготвена да му ја обезбеди на Дуров сета првавна помош што му е потребна со оглед на неговото руско државјанство, но рече дека француското државјанство на Дуров ја комплицира ситуацијата.
„Обвиненијата се навистина многу сериозни. Тие бараат не помалку сериозна основа на докази. Во спротивно, тоа ќе биде директен обид да се ограничи слободата на комуникација“, изјави Песков.
Русија почна да го блокира Telegram во 2018 година, откако апликацијата одби да се усогласи со судскиот налог да им овозможи на државните безбедносни служби пристап до шифрираните пораки на своите корисници. Блокирањето прекина многу услуги од трети страни, но имаше мало влијание врз достапноста на Telegram во Русија.
Во неделата рускиот претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, и неколку други руски политичари во неделата ја обвинија Франција дека се однесува како диктатура – истата критика со која се соочи Москва кога му постави барања на Дуров во 2014 година и се обиде да го забрани Telegram во 2018 година.
Песков рече дека случајот на Дуров може да се сфати како заплашување на челникот на голема компанија и фрла сомнеж врз тврдењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема политички мотиви во притворот на Дуров. Така портпаролот на Кремљ, алудираше на изјавата на самиот Дуров во неодамнешното интервју со американскиот конзервативен новинар Такер Карсон во кое Русинот потврди дека по преселеувањето на седиштето на компанијата во Дубаи, на неговите инженери им пристапиле агенти на западни служби кои барале да им биде откриен кодот на социјалнате мрежа.
Дуров има и пасош од Обединетите Арапски Емирати. Обединетите Арапски Емирати во вторникот објавија дека побарале конзуларен пристап до Дуров од Франција, пренесе AFP.
„Обединетите Арапски Емирати внимателно го следат случајот со својот државјанин Павел Дуров, основачот на Telegram, кој беше уапсен од француските власти на аеродромот во Париз-Ле Бурже… Земјата „побара од француската влада итно да му ги обезбеди сите потребни конзуларни услуги“, соопшти Министерството за надворешни работи на Емиратите.