-Листите на чекање се горлив проблем за секој пациент, никој не ги гледа листите, ниту има информации колку ќе се чека што создава состојба на неизвесност и се бара начин како да се забрза работата. ОВА ЌЕ СЕ РЕШИ СО ДИГИТАЛИЗАЦИЈА затоа што притисок нема само кај пациентите, туку и кај лекарите. Во ситуација на дигитализација секој пациент со сопствена шифра ќе може да провери, вели д-р Игор Николов.
-Сега сме во фаза на домаќинско работење пред да дојдеме до дигитализација. Ковид пандемијата покажа дека здравствените системи треба да бидат подготвени, а кризата во Украина влијае врз цените на медикаментите. Сите цени се покачени, од тука растат и цените на здравствените услуги и поставува прашањето на одржливост на здравствените системи во регионот. Затоа ПОТРЕБНО Е ПРВО ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ, или ЕФИКАСНОСТ, ЕФЕКТИВНОСТ и ЕКОНОМИЧНОСТ со што ќе се подготви здравствениот систем да се справи со предизвиците, и не само нашиот, туку сите во Југоисточна Европа, појасни д-р Николов.