Меѓународната хуманитарна организација Amnesty International ги повика земјите од Европската унија да престанат да испорачуваат оружје на Израел, во писмо до највисокиот дипломат на блокот Жозеп Борел, во кое увид имала аенцијата dpa во средата.
Групата за човекови права, исто така, бара од ЕУ да не инвестира или да тргува со израелски населби на окупираните палестински територии, што беше оценето за нелегално во неодамнешното мислење издадено од Меѓународниот суд на правдата (МСП ICJ) во Хаг.
Amnesty International го испратиле писмото пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел на кој ќе се разговара за војната во Газа меѓу Израел и Хамас.
Во јули, МСП во необврзувачко советодавно мислење рече дека речиси 60-годишната окупација на палестинските територии од страна на Израел го прекршува меѓународното право и мора да заврши што е можно поскоро. Иако одлуката на ткн Светскиот суд не е обврзувачка, таа е значајна, бидејќи има авторитет на меѓународното право и може да ја ослаби поддршката за Израел.
Највисокиот суд на Обединетите нации соопшти дека израелските доселенички населби, кои се изградени на окупираните палестински територии, се нелегални. МСП, исто така, наведе дека членовите на судот, вклучително и земјите од ЕУ, имаат одговорност да не ја поддржуваат окупациската политика или да не го прифаќаат статусквото предизвикано од Израел.
Исто така, Amnesty International во писмото до Борел наведува дека земјите од ЕУ, со „снабдување на оружје, технологија и опрема“ на Израел, не ја исполнуваат оваа обврска. Групата за човекови права, исто така, ја повикува Европската комисија да го разгледа Договорот за асоцијација ЕУ-Израел за усогласеност со обврските за човекови права.
Во ткн Шестдневан војна во 1967 година, Израел го окупираше Западниот брег (на реката Јордан) , Појасот Газа и Источен Ерусалим, области на историската Палестина кои Палестинците ги сакаат како дел од нивната држава. Од 1967 година, Израел континуирано гради населби на Западниот брег и постојано ги проширува. Израелските лидери тврдат дека овие области не се окупирани во правна смисла бидејќи се на спорна територија, но Обединетите нации и голем дел од меѓународната заедница ги сметаат за територија окупирана од Израел.