Русија го забрани влезот на 92 Американци, меѓу кои и новинари

Руското Министерство за надворешни работи во средата соопшти дека им забранило влез во земјата на 92 американски државјани, вклучително и новинари, адвокати и шефови на клучни воено-индустриски компании, поради, како што го истакна, русофобобниот став на Вашингтон.

Војната во Украина доведе до најтешката криза во односите на Москва со САД по Студената војна. Русија во вторникот рече дека Западот си игра со оган размислувајќи да и дозволи на Украина да нападне подлабоко во Русија со западни ракети.

На списокот што го објави министерството на комуникациската платформа Telegram има 14 вработени во The Wall Street Journal, петмина високи новинари на The New York Times и четворица на The Wahington Post. Трите медиумa не одговорија веднаш на барањето на Reuters за коментар.

Интересно е што споменатите медиуми беа првите кои им наредија на своите дописници во Москва во пролетта 2014 година да се откажат од договорениот лет во аранжман на руското Министерство за одбрана до границата со Украина каде што требаше да ги посетата камповите со украинските војници кои масовно мирно ја преминаа границата со Русија одбивајќи да учествуваат во граѓанската војна во Донбас која избувна по мартовскиот преврат во Киев. Тогаѓ по укинувањето на правата на огромната руска и рускојазична заедница во земјата,се побунија двата доминатно руски источни региона Доњецк и Луганск и прогласија независност, а црноморскиот полуостров Крим ја врати укинатата автономија и се врати во составот на Руската Федерација од која е пренесен во советска Украина во 1950-те години.

Денеска руската дипломатија оопшти дека забраната се однесува на уредниците и известувачите на „водечките либерално-глобалистички публикации“ вклучени во производството и ширењето „фалсификати“ за руските вооружени сили.

Се додава дека забраната е одговор на „русофобната насока“ на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, а како клучни се истакнуваат опсежните санкции коои САД уште од 2014 година ги наметнуваат против руските политичари, претприемачи, научници, медиуми и новинари, нивни протерувања и апсења без соодветни образложенија.

„Ги потсетуваме актуелните американски власти на неизбежноста од казнување за непријателски дејствија, без разлика дали тоа е директно поттикнување (на украинскиот претседател Володимир Зеленски) и неговите следбеници на акти на агресија и терористички напади или обиди за мешање во внатрешните работи на Руската Федерација“, соопшти Министерството.