
Во понеделникот се урнал борбен авион од американско производство на украинското воздухопловство „F-16“, соопшти украинската војска, што претставува прва таква загуба откако долгоочекуваните американски авиони пристигнаа во земјата овој месец.
Авион се урнал, а пилотот загинал додека се приближувал кон целта за време на руски воздушен напад, тврди во четвртокот на Facebook Генералштабот на Украина, без да прецизира во која област се случило уривањато.
За тоа дека еден од борбените авиони префрлен на украинските вооружени сили се урна, претходно во четвртокот го објави The Wall Street Journal, повикувајќи се на извори. Според весникот, веројатна причина е грешка на пилотот.
Претходно седмицата руски и украински воени блогери објавија информации дека е уништен украински авион „F-16“ во периодот на руските жестоки ракетни и напади со беспилотни летала.
Во вторникот руското Министерство за одбрана објави за масивен напад насочен кон „критичните аеродромски инфраструктурни објекти во Украина“, со употреба на „прецизно оружје со воздушно лансирање со долг дострел, вклучително аеробалистички ракети Кинжал и беспилотни летала“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Нападот во вторникот уследи по „големиот напад со висока прецизност“ врз украинската инфраструктура што ја поддржува воената индустрија на Киев, извршен во текот на ноќта од неделата кон понеделникот.
Според украинските медиуми, нападот бил најголем од почетокот на конфликтот, во кој биле вклучени над 230 проектили и беспилотни летала кои погодиле цели во 15 региони.
Авионот F-16 „покажаа висока ефикасност“ и соборија четири руски крстосувачки ракети, се уверува во соопштението. „Комуникацијата со еден од авионите беше изгубена додека се приближуваше до следната цел. Како што се испостави подоцна, леталото се урна, а пилотот загина“, се вели во соопштението.
Украина не откри детали за големината на нејзината нова флота, но загубата на „F-16“ сигурно значително ги ослабна постојните способности. Повикувајќи се на добро информиран извор, лондонски Times наведува дека Украина има шест такви авиони.
Претседателот Володимир Зеленски на 4-ти август потврди дека украинските пилоти почнале да летаат со „F-16“, нарекувајќи го моментот важна пресвртница во борбата против инвазијата што Русија ја започна пред 29 месеци.
Се чини дека авионската несреќа во понеделникот не е резултат на руски оган, а можните причини, грешка на пилотот или механички дефект, сè уште се истражуваат, изјавил претставник на американската одбрана за Reuters.
Воените аналитичари процениле дека пристигнувањето на мал број авиони, иако е значајно, веројатно нема да го промени бранот на војната.
Русија имаше време да подготви одбрана од „F-16“, а Украина мораше да се потпре на осиромашената воздушна сила која е далеку помала и ни приближно софистицирана како руската.
Западната команда на украинските воздухопловни сили објави некролог на Facebook за пилотот Олексиј Меса, велејќи дека тој загинал во понеделникот додека одбивал напад, но не спомна дека летал со „F-16“. Американската телевизија CNN објави дека неговиот прекар бил „Moonfish“ и дека тренирал за мисии „F-16“ во 2023 година.
Од почетокот на руската инвазија, Киев ги повика сојузниците да испорачаат модерни авиони за да ја зајакнат малата и стара советска флота во земјата.