Доларот зајакна, нафтата поскапе

На девизните пазари во петокот во претпладневното тргување се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,35 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 100,95 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 144,55 на 144,80 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1085 долари, додека вчера во ова време беше 1,1130 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,29 отсто, на 80,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,30 отсто, на 76,15 долари.