Монголските власти имаат обврска да го уапсат Путин доколку ја посети земјата, велат од МКС

Монголските власти имаат обврска да го уапсат рускиот претседател Владимир Путин доколку тој ја посети земјата следната недела, соопшти Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Предвидено е Путин да ја посети Монголија на 3 септември. Тоа ќе биде прва негова посета на земја членка на МКС откако Судот нареди негово апсење во март 2023 година.

И Украина денеска апелираше Монголија да го уапси Путин за време на неговата посета.

– Украина се надева дека Владата на Монголија е свесна за фактот дека Владимир Путин е воен злосторник. Ги повикуваме монголските власти да ја извршат обврзувачката меѓународна потерница, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.